Штипскиот универзитет потпиша меморандум за соработка со фондацијата „Фридрих Еберт“

Од:

Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, Блажо Боев, и директорот на фондацијата „Фридрих Еберт“ во Скопје, Ифа Елерајд, денеска потпишаа меморандум за соработка кој предвидува повеќе заеднички проекти. Соработката почнува со дебата, која ќе ја реализираат заедно на Економскиот факултет.

-Од 1996 година работиме во оваа држава, за нас е многу важно да се вклучиме во соработката со младите луѓе и студентите – иднината на ова општество. Затоа сме и овде денес, за да го потпишиме овој меморандум за соработка. Сметаме дека е многу важно да се вклучиме во соработка со сите во државата, не само во главниот град, затоа и оваа соработка со Штипскиот универзитет е многу важна за нас, рече Елерајд.

Таа истакна дека заеднички со Универзитетот ќе организираат дебата на тема „Ајде да зборуваме за даноците“, на која ќе се говори за прогресивните даноци.

Ректорот Боев рече дека соработката со оваа фонадција, но и со други германски институции, е особено важна, а допрва и ќе се продлабочува.

-Оваа соработка исклучително е важна за студентите, за да се запознаат со се она што се случува во Германија, особено во делот на правичност и правична застапеност. Се надевам дека помошта од оваа фондација ќе биде огромна за нашиот универзитет, рече Боев.

Првата дебата која ќе се организира за студентите ќе се одржи на Економскиот факултет во Штип. На дебатата ќе биде поканет и министерот за финансии Драган Тевдовски.

Би можело да ве интересира

Во дел од штипските населби проблеми со снабдувањето со струјата

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Полицијата трага по 13-годишно девојче од Штип

Ангелова: Сите наставници од основно до високо образование ќе имаат повисоки плати

Во Штип двајца директори на државни институции поднесоа оставки

А1он

Маж од Штип е осомничен за убиство на својата партнерка

Горан Наумовски