А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Истражна постапка против ловџија од Kичевско кој застрела сограѓанин

by А1он01/03/2019 - 13:3301/03/2019 - 13:43217
Share0

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од кичевско за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело тешки дела против општата сигурност од член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик.

Следете a1on на Instagram Instagram

Осомничениот, на 27 февруари, вршејќи криволов во шума во кичевско, убеден дека забележал животно, испукал еден куршум од пушка. Притоа погодил едно оштетено лице, нанесувајќи му огнострелна повреда од животозагрозувачки карактер во пределот на абдоменот. Повредениот е хоспитализиран и се уште се наоѓа во тешка здравствена состојба, соопштија од ОЈО.

Со цел утврдување на фактите за настанот, надлежниот јавен обвинител издаде наредби за вештачење на трагите од крв и чаурата пронајдена на лице место, наредба за претрес на домот на оштетениот, како и наредба за вештачење на одземеното оружје. Ценејќи дека се исполнети законските основи, до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар доставен е предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

krivicno delomvrojopolicija

Би можело да ве интересира

ОЈО: Истрага за царинските измами со цигари – штетата на Буџетот е над 4 милиони евра

А1он25/09/2026 - 18:00

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он25/09/2026 - 15:20

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Катерина Ѓуровски21/09/2026 - 11:12

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он20/09/2026 - 13:16

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

Катерина Ѓуровски19/09/2026 - 16:21

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Катерина Ѓуровски17/09/2026 - 14:29
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео