За еден ден во Скопје од сообраќај се исклучени 26 возачи, 27 пак управувале возила со брзина поголема од дозволената

Од:

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно пет сообраќајни незгоди од кои една сообраќaјна незгода со тешки телесни повреди, една со телесни повреди и три сообраќајни незгоди со материјална штета.

Од преземените мерки и активности констатирано е дека 27 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 26 возачи од кои: тројца возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 18 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и пет возачи затоа што биле возачи-почетници. Исто така исклучени од сообраќај се и 16 возила бидејќи 11 биле нерегистрирани и пет возила биле технички неисправни.

Санкционирани се и тројца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, четворица поради неправилно престројување, еден возач поради неправилно престигнување, двајца поради недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница, тројца возачи поради непоседување пропишана зимска опрема, 11 поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 14 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.

Во однос на пешаците санкционирани е еден пешак поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 104 мандатни платни налози и 85 возила се подигнати со специјално возило “пајак”.

 

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он