Трамп: Му верувам на Ким дека нема никаква врска со смртта на студентот

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп не мисли дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун бил вмешан во смртта на американскиот студент Ото Вормбир, кој почина откако отслужи затворска казна во Северна Кореја.

– Тој ми рече дека не знае ништо за тоа и му верувам на зборот, изјави американскиот претседател во Ханој, каде што се сретна со Ким.

Трамп ги презеде заслугите за ослободување на американски затвореници од други земји, а смртта на Вормбир ја користеше како доказ за кршење на човековите права во Северна Кореја, пред да „омекне” кон Ким, пишуваат американски медиуми.

Вормбир беше студент од американската држава Охајо и беше осуден на 15 години тешка работа во 2016 година, под сомнеж дека украл пропаганден постер во Северна Кореја. Почина во јуни 2017 година, откако беше испратен дома од севернокорејски затвор во кома.

Неговите родители веруваат дека тој бил измачуван.

 

Би можело да ве интересира

Трамп: Војната меѓу Русија и Украина мора да престане

А1он

Трамп го назначи конгресменот Мајк Волц за советник за национална безбедност

А1он

И Вучиќ се слушна со Трамп: Одличен разговор, најголема поддршка имаше од Србија

Предраг Петровиќ

Трамп Јуниор му се потсмева на Зеленски: „Уште 38 дена до губење на џепарлакот“

Предраг Петровиќ

Трамп победи и во Аризона, ги освои сите седум клучни држави

Предраг Петровиќ

По победата на Трамп, многу очајни Американци истражуваат како да се преселат во странство

Предраг Петровиќ