Премиерот Заев посета на Романија и Австрија

Од:

Премиерот Зоран Заев денеска ќе престојува во официјална посета на Романија. Заев, како што се наведува во владиното соопштение, во посетата е придружуван од владина делегација и неговата сопруга.

Во рамки на официјалната посета на Букурешт, предвидени се средби со владиниот и државниот врв на Република Романија.

Премиерот Заев претпладнево ќе се сретне со романската премиерка, Виорика Данчила, по што ќе следуваат изјави за медиумите.

За попладне, предвидени се приеми на премиерот Заев и делегацијата, кај претседателот на Домот на пратениците, Ливиу Драгнеа, како и кај претседателот на Сенатот на Република Романија, Калин Попеску – Таричеану.

Премиерот Заев денеска ќе престојува и во работна посета на Австрија. Во Виена доцна попладне Заев ќе има средба со австрискиот канцелар Себастијан Курц.

Заев на покана на канцеларот Курц, ќе биде почесен гостин на отворањето на Виенскиот бал.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

A1on

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска