Претставничкиот дом на Конгресот на САД, во кој доминираат демократите, синоќа усвои резолуција со која се бара укинување на воонредната состојба во земјата, што ја воведе американскиот претседател Доналд Трамп со цел да може на легален начлин да обезбеди средства за изградба на ѕид на границата кон Мексико.
„За“ Резолуција гласаа 245 конгресмени, вклучително и 13 републиканци, а 182 беа „против“.
За да стане полноважна и да биде доставаена на одобрување до Трамп, Резолуцијата треба да биде одобрена и од Сенатит, каде републикнацките имаат тесно мнозинство.
Откако Конгресот со новиот Буџет не му обезбеди 5,7 милијарди доалри за изгрдаба на ѕидот, Трамп воведе вонредна состојба образложувајќи ја со несигурноста на американксо-мексиканската бграница, што би му овозможило да одвои буџетски средства за ѕидот и без одобрение од Конгресот.
Трамп претходнои најави дека ќе стави вето на евентулана Резолуција со која се бара укинување на вонредната состојба.