Заев се сретна со делегација од БИХ, предводена од членот на претседателството Комшиќ

Од:

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, вечерва се сретна со делегација од Босна и Херцеговина, предводена од Жељко Комшиќ, член на Претседателството на БИХ.

Од владината прес-служба соопштија дека на средбата биле поздравени храбрите политики на премиерот Заев со кои е постигнат Договорот од Преспа, низ визија, храброст и мудрост, што ги отвори НАТО перспективите за Република Северна Македонија, а било изразено очекување дека нашата држава во јуни ќе ги почне и преговорите со ЕУ. Исто така, оценето било дека постигнатиот Договор, освен за односите меѓу двете земји и за самите држави, ефект има и во регионот, бидејки испраќа порака дека од речиси невозможни политички ситуации, можни се позитивни решенија.

– Решението на билатералниот спор со Грција донесе бенефит на економски план, бидејки порасна бројот на инвеститори заинтересирани за инвестирање во Република Северна Македонија, а меѓу нив има и заинтересирани грчки инвеститори. По НАТО интеграциите, што значат стабилност и безбедност, работиме на тоа да ги исполниме сите услови што ќе овозможат почеток на преговорите на нашата држава со ЕУ во јуни, рекол премиерот Заев.

На средбата било констатирано дека Република Северна Македонија и Босна и Херцеговина немаат отворени политички прашања, што е голема можност за унапредување на соработката, посебно во делот на зголемувањето на трговската размена и економијата. Било договорено да се работи поинтензивно на тој план.

Премиерот Заев се заблагодарил на делегацијата од Претседателството на БИХ која е во посета на нашата држава и ќе присуствува во Скопје на одбележувањето на 15-годишнината од загинувањето на претседателот Борис Трајковски и членовите на неговата делегација.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

A1on

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска