Тасевски: Противниците добиваат многу подароци од нас

Од:

Тренерот на Работнички, Жикица Тасевски не е задоволен од грешките што ги правеа неговите избраници во првите две кола од пролетниот дел на Првата македонска фудбалска лига.

Работнички вчера ремизираше (1:1) против Силекс по што има 28 бода и е четврти на табелата.

– Противниците добиваат многу подароци од нас. Правиме грешки кои се недозволиви и ќе мораме да го задржиме фокусот во текот на целиот натпревар, Загубивме четири значајни бода на домашен терен во првите две кола и ќе мора тоа да го надоместиме со добри игри и резултати на наредните мечеви. Ќе работиме напорно и мора да се подобриме во периодот што следи,вели шефот на стручниот штаб, Жикица Тасевски за клупскиот сајт на „романтичарите“.

Работнички во 21 .коло ќе и гостува на Победа.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска