(ВИДЕО) Шекеринска: Им благодариме на граѓаните за поддршката и за разбирањето дека членството во НАТО е брза патека за економски раст

Од:

Потпретседателката на Владата на Република Северна Македонија и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска денеска им се обрати на граѓаните на Битола на трибината со нив „Фер општество – Шанса за сите“.

Потенцирајќи дека во изминатава година Република Северна Македонија поминала низ сериозни внатрешни промени, министерката Шекеринска рече дека за разлика од тогаш кога земјата била доживувана како проблем, сега перцепцијата за Северна Македонија е безбедна земја, којашто е дел од големиот воен сојуз.

„НАТО не е само стратешки успех на Република Северна Македонија, туку претставува и брза патека за економски раст на земјата, а тоа ќе донесе бенефит, пред сé, за младите. Членството во НАТО, и ова не е претпоставка, гледано од искуството на другите земји, три кратно ги зголемува странските инвестиции, обезбедува услови за зголемување на работните места, како и раст на платите“, истакна вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска.

Во оваа насока, таа на трибината со граѓаните во Битола го истакна новиот Закон за спречување на корупцијата, како и формирањето на Државната комисија за спречување на корупцијата, која што нема да замижува и да молчи кога ќе утврди корупција.

Покрај членството во НАТО, како што истакна министерката за одбрана Шекеринска, обезбеден е и другиот столб за земјата, односно датум за почеток на преговорите со Европската Унија.

Би можело да ве интересира

Туск: Следните шест месеци ќе бидат одлучувачки за безбедноста на Европа

Кремљ: Не гледаме основа за подобрување на односите меѓу Москва и Европа

Сали: ЕК испраќа позитивна порака, Македонија го следи патот кон ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

ЕУ: Нема да има дополнителни 220 милиони евра грантова помош за Украина

Ќе се лансираат американски ракети од европски лансери