По вчерашниот инцидент, притворените Миле Јанакиески и Спиро Ристоски се преместени во т.н. „хашка соба“ во истражиот затвор „Скопје“, соопшти директорот Ѓоко Котевски.
Тој рече дека се преземени нови мерки, а повикан е поголем број на затворски чувари. Исто така, Јанакиески и Ристоски се издвоени од другите затвореници и слободното време ќе го поминуваат во други шеталишта.
„Намалена е можноста да се сретнат тие лица, но и други лица поврзани во други кривични дела“, рече Котевски.
Директорот на затворот „Скопје“ рече дека за време на инцидентите на местата каде се случиле инцидентите имало само едно лице кое го обезбедувало просторот. Котевски рече се спроведува истрагата за да се провери дали се нарушени протоколите на работа.
Кристијан Ландов