Комбинацијата на афион со јаболки и чоколадо го прави овој колач совршен…
Потребно е:
3 јајца
100 г шеќер
1 ванилин шеќер
100 г брашно
1 прашок за пециво
40 г гриз
100 г афион, измелен
100 мл масло
2 изрендани јаболки (околу 400 гр)
3 лажици млеко
за чоколадната глазура:
40 г путер
100 г чоколадо
Подготовка:
– Јајцата пенесто изматете ги со шеќерот и ванилиниот шеќер.
– Додадете ги брашното со прашокот за пециво во него, гризот, мелениот афион, маслото, изренданите јаболки и млекото. Убаво изматете за да се соединат сите состојки.
– Подготвената смеса сипете ја во тава (20х30 см) подмачкана со масло и малку посипана со брашно.
– Ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 30 минути.
– Во еден сад на рингла на тивко, растопете го путерот. Садот тргнете го на страна и додадете го чоколадото искршено на парчиња. Мешајте додека не се растопи чоколадото.
– Вака подготвената глазура прелијте ја преку изладениот колач.
– Колачот исечете го на коцки и послужете го.