Заев-Кантоне: Честитки за реформските процеси, изразена поддршка за заедничка борба против корупцијата

Од:

Премиерот Зоран Заев заедно со директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми вечерва се сретна со претседателот на италијанската Национална антикорупциска управа Рафаеле Кантоне, придружуван од своите соработници и амбасадорот на Република Италија Карло Ромео.

На средбата, како што соопшти владината прес-служба, била изразена поддршка за постигнатиот Договор со Грција, кој бил оценет како голем и значаен чекор кон успешното остварување на напорите на земјава за европска и евроатлантска интеграција.

-Беше истакната и посветеноста на Владата на Република Северна Македонија за продолжување на реформите во правосудниот систем, јавната администрација, безбедносно-разузнавачките служби и борбата против организираниот криминал и корупцијата. На средбата, со највисокиот претставник на италијанската Национална антикорупциска управа позитивно беше оценето донесувањето на Законот за спречување на корупција и судир на интереси како и транспарентниот избор и именување на членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) во Северна Македонија, се вели во сооштението од владината прес-служба.

Двете делегации се согласиле дека Северна Македонија и Италија ги поврзува искрено пријателство и соработка, со интенција и поддршка да се продлабочуваат и конкретизираат и идните чекори кои двете земји ќе ги преземаат во областа на борбата против корупцијата, размената на заеднички искуства, идеи, практики и мерки и во други области.

Во таа насока, напоменуваат од Владата, е и утрешната Конференција „Институционални реформи за борба против корупција, најдобри практики спрема европскиот модел – италијанскиот пример”, која ја организираат Мисијата на ОБСЕ и италијанската Амбасада во Скопје, а на која ќе учествува и ќе говори премиерот Заев.

На Конференцијата, учесниците ќе имаат можност да се запознаат со италијанската пракса за борба против корупцијата, а ќе се дискутира и за независните надлежни органи одговорни за антикорупција, важните реформи и перспективи за интеграција на земјата во Европската Унија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

A1on

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска