По лекарските прегледи во болницата „8 Септември”, Миле Јанакиески е вратен во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари. По инцидентот тој се пожалил на болки, а директорот на затворот Ѓоко Котевски рече дека имал нагмечувања, но не и скршеници.
Екс-министерот, Спиро Ристовски не се пожалил на болки, па затоа, не бил испратен на прегледи во болница.
Инцидентите биле одделни, а органите ќе утврдуваат кои биле причините и како се случиле. Првичните информации кои ги соопшти Котевски се дека Јанакиески и Ристовски ги започнале вербалните расправии.
„Затвротот ги презема сите активности извршителите да бидат санкионирани. Нашата управа ќе започне истрага со цел да се испита дали е напрвен некој пропуст од страна на затворската полиција“, соопшти Котевски.
Според него, затворската полиција реагирала брзо. Деталите за тоа што се случило ќе се утврдува преку исказите на затворениците кои биле сведоци на настанот, но и преку надзорните камери. Директорот на затворот рече дека ги осудува ваквите инциденти и потенцираше дека ќе направат се за да не се повторат во иднина.
„Нашата управа ќе започне истрага со цел да се испита дали е напрвен некој пропуст и ако е утврден од страна на затворската полиција или другите служби ќе биде покрената соодветна истрага и диссциплинска одговорност“, додава Котевски.
Кристијан Ландов