Жалам за настанот кој се случи на 27 април во Собранието, жалам и за последиците и за секој повреден. Ова нека биде поука за идните генерации дека политиката не треба да си игра со чувствата на народот. Прифаќам одговорност за дејствата доколку судот утврди дека сум сторил нешто нелегално, рече обвинетиот Александар Василевски Нинџа во завршните зборови за крвавиот четврток.
Тој истакна дека за време на предистражната постапка соработувал со обцинителството,но не се договорил, се со цел вистината да излезе на виделина.
-Александар Василевски во ОЈО соработуваше во интерес на вистината и правдата.Без никаков притисок и уцена од обвинителството.Со обвинителката не се спогодував туку соработував тоа може да го потврди и Русковска.Кажав се, од изборите, ДИК, тиранската платформа, УБК, директорот , прикриените операции и оперативниот штаб во МВР. Татко сум на малолетно дете-13 месеци. Сам се пријавив да учествувам во случајот и единствената причина што бев недостапен за органите на прогонот беше здравјето на моето дете. Откако се испадна во ред самиот се пријавив на 11 јуни 2018 година пред судија на претходна постапка, рече Нинџа.
Василевски истакна дека УБК направило се за да ги уништи видео материјалите каде се гледа инволвираност на оперативците во счучајот. Имало обид за бришење на снимките од ГТЦ обид Собраниските безбедносни камери.
Обвинетиот Нинџа пред судот го изнесе листингот со разговори кои тој ги остварил на 27 април 2017. Преку листингот Василевски тврди дека не организирал 68 лица за упадот во Собранието за што го терети обвицнителството.
Александар Василевски Нинџа е последниот од листата обвинети кој дава завршни зборови. По завршување со овој дел од постапката претседателката на судечкиот совет ќе закаже термин за одржување на рочиште на кои ќе им биде изречена пресудата на обвинетите.
За крвавиот четврток беа обвинети вкупно 33 лица од кои 15 беа амнестирани меѓу кои се најдоа пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски кои беа обвинети за отварање на собраниските врати,како и пратениците Љубен Арнаудов и Љупчо Димовски.
Со законот за амнестија опфатени беа и предводниците на протестите “За заедничка Македонија”, Богдан Илиевски, Борис Дамовски и Владо Јовановски.
Виктор Јованов