На рочиштето за крвавиот четврток му се слоши на обвинетиот Никола Митревски – Кољо, при што претседателката на судечкиот совет, Добрила Кацарска, која го води случајот повика брза помош.
Брзата помош му даде дијазепам на Никола Митревски по што продолжи рочиштето на кое завршни зборови дава обвинетиот Александар Василевски Нинџа.
Претходно свои завршни зборови даваа Влатко Трајковски, Вилијам Михајловски и Никола Митревски – Кољо.
По завршување со овој дел од постапката претседателката на судечкиот совет ќе закаже термин за одржување на рочиште на кои ќе им биде изречена пресудата на обвинетите.
За крвавиот четврток беа обвинети вкупно 33 лица од кои 15 беа амнестирани меѓу кои се најдоа пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски кои беа обвинети за отварање на собраниските врати,како и пратениците Љубен Арнаудов и Љупчо Димовски.
Со законот за амнестија опфатени беа и предводниците на протестите “За заедничка Македонија”, Богдан Илиевски, Борис Дамовски и Владо Јовановски.
Виктор Јованов