Единствена Македонија: Заев како и Груевски нарачува апсења по однапред изготвен список

Од:

Единствена Македонија го осудува истиот пристап на Зоран Заев со оној на поранешниот премиер Никола Груевски, борбата со криминалот да се води според политичко сценарио и по однапред изготвен список, велат од партијата преку соопштение.

„Никола Груевски по изборната победа во 2006 година изготви список на дваесет и пет функционери од поразениот СДСМ кои еден по еден се гонеа редоследно по политичка проценка за одвлекување на вниманието на јавноста од афери и неповолни настани поврзани со тогашната власт на ВМРО-ДПМНЕ.

Зоран Заев сега тргнува по стапките на Груевски со процесуирање и темпирање на криминални случаи кога има настани што негативно влијаат на рејтингот на владата на СДСМ, а сето тоа по однапред изготвен список од Заев иако секој оној што се води од искрена борба за расчистување со криминалот не треба да се служи со маркетиншки трикови“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Би можело да ве интересира

Зоран Заев поднесе тужби против Жан Митрев и Бране Петрушевски

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Заев: Пет години, речиси секој ден, ВМРО-ДПМНЕ не престануваат да се занимаваат со мене, ширејќи континуирани лаги и клевети

Горан Наумовски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

Продолжува препукувањето, Груевски повторно: Познато е дека големите пари Заев не ги направи со чесно копање на нива

Предраг Петровиќ

СДСМ: Никола Гревски, будимпештански пишувач на бајки