Одреден притвор за Јанакиески и Ристовски

Од:

Судијата на претходна постапка по барање на Јавното обвинителство им одреди мрека пртивор од 30 дена на поранешните министри, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, осомничени за организирање на насилниот упад во Собранитео на 27 април 2017 година. Неофицијално притвор се бара и за Никола Груевски, и ќе биде проширено барањето за екстрадиција и за овој предмет.

Вечерва на распит беше и поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, кој е исто така осомничен за организирање на упадот, но тој се повика на пратеничкиот имунитет по што го напушти судот. „А1он“ дознава дека за него најверојатно утре ќе биде доставено решение до Собранието за да му се одземе пратеничкиот имунитет.

Меѓу осомничените за случајот е и Никола Бошкоски, кој исто како и поранешниот премиер Никола Груевски, се наоѓа во бегство. Бошкоски во моментов е во Грција, а експремиерот доби азил во Унгарија.

За настаните од 27 април во притвор веќе неколку месеци се наоѓа поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Тој беше притворен по сведоштвата што во судот ги даде обвинетиот Александар Василевски-Нинџа.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

На 29 јули интерпелација за републичкиот јавен обвинител – Љупчо Коцевски

А1он

Пратениците дебатираат за ребалансот на Буџетот за 2025 година

Утре на пленарна седница ќе биде дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2025 година

Собранието ќе одлучува за дополнетиот ребаланс на Буџетот одобрен од Владата

Мицевски: Владата има луѓе, има механизација сега и се справува со сите можни и неможни позиции коишто ги има

Левица: Африм Гаши, уценет од ВМРО-ДПМНЕ, илегално ја поништи закажаната Надзорна расправа за Кочани