(ВИДЕО) Мицкоски до Заев: Апси, можеш да нарачуваш и убиства, но ние не ти се плашиме 

Од:

По информациите за вечерашното приведување на тројца функционери на ВМРО-ДПМНЕ – Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески, вечерва прес-конференција одржа лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој во обраќањето порача дека од владејачката СДСМ се свесни дека народот веќе не ги поддржува, па поради тоа подмнолно внесуваат страв во општеството со, како што кажа, нова тура на политички прогон.

„Деспотот Заев го гледа својот крај и затоа е најопасен. Апси врз основа на сомнителни лица, со години по настанот за кој ги обвинуваат“, рече Мицкоски во врска со денешните приведувања за настаните од Собранието на 27 април 2017 година.

Како што рече Мицкоски, од власта знаат дека паѓаат и затоа сакаат да ги исплашат граѓаните.

„Сакаат да се зборува за апсења и прогони за да не излезат на виделина суштинските работи и проблеми“, кажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Апси, можеш да нарачуваш убиства, но едно да знаеш, нема да ти се исплашиме“, рече Мицкоски во порака до премиерот Заев порачувајќи „Готов си и за тебе крајот ќе биде жесток“.

„СДСМ знае дека паѓа и сакаат да внесат страв, да го деморализираат ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните на Република Македонија, тие сакаат да се збори за притвори, за апсења, за изживувања за да не се збори за вакцините кои убиваат, за здравството на Филипче кое убива, за не работа на Спасовски која убива, за Кочо и Тевдовски кои безмилосно го осиромашија народот, за тендерите и богатењето на брат ти Вице Заев, братучед ти Трајче Заев, за очајните земјоделци и излажаните пензионери. Се е јасно, готов си и за тебе крајот ќе биде жесток“, изјави Мицкоски.

Мицкоски на прес-конференцијата истакна дека една од најважните работи за неговата патија во наредниов период е да му нанесе пораз на СДСМ на претседателските избори.

Заев ти следува пораз од мене, од ВМРО-ДПМНЕ, од народот, од Македонија. Знаеме дека тука не е проблемот ниту Трајко, ниту Спиро, ниту Миле, ниту Никола, тука проблем е Зоран Заев“, изјави Мицкоски.

Тој на премиерот му порача дека за ова што го прави ќе одговара. „Ќе одговараш и ти, и сите твои соработници,“ вели Мицкоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски со владин авион на море – работниците на протест со празни џебови

Катерина Ѓуровски

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати

Мицкоски во Минхен: Не ни треба процес без крај, туку заслужена и предвидлива европска иднина

Средба Мицкоски – Зеленски во Минхен: Напредокот е можен кога има визија, храброст и јасна определба

А1он

Мицкоски од Минхен: Пораките на Рубио се јасен сигнал – светот веќе не функционира по старите правила

А1он

(ВИДЕО) Ковачки: Вратите се отворени за секој кој сака да биде дел од тимот кој победува

А1он