Уапсен Трајко Вељаноски

Од:

Доцна попладнево е уапсен експретседателот на Собранието, Трајко Вељаноски.

Вељаноски неофицијално, е осмничен дека е еден од организаторите на настаните од 27 април.

Приведувањето на актиелниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Вељаноски, се поврзува со крвавиот четврток, односно настаните во Собранието од 27. април 2017 година.

Од Јавното обвинителство велат дека во моментов има одредена акција, но дека сега не може да соопштат повеќе детали.

Во судот во изминативе неколку дена во тек се завршните зборови на обвинетите по предметот за крвавиот четврток. Процесот го води обвинителката Вилма Рускоска, а од обвинителството беше најавено дека случајот за организаторите е во предистражна постапка.

Вељановски беше сведок во предметот на Обвинителството во кој завршни зборови треба да дадат уште четворица обвинети.

 

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси турски државјани кои рекетирале сонародник, од жртвата барале 40.000 евра

Горан Наумовски

Две лица приведени во Дебар поради предизвикување пожар

МВР уапси три лица барани со потерници за издржување затворски казни

Генералот Кувшинов е уапсен под сомнение за кражба на повеќе од 57 милиони рубли

Апсења за насилство и нерегистрирани собири во Врбас, Нови Сад и Белград

МВР: Уапсени се две лица, одземено е товарно возило, запленета е стоката