Кубанската Влада смета дека се опасни обидите за мешање во внатрешните прашања на Венецуела под изговор дека хуманитарната ситуација во таа земја е компликувана, изјави миинистерот за надворешни работи на Куба Бруно Родригез.
– Владата на Куба ја повикува меѓународната заедница да го поддржи мирот и да се спротивстави на военото мешање во внатрешните прашања на Венецуела. Мора да останеме посветени на дијалогот и на безусловното почитување на суверенитетот на Венецуела, истакна Родригез.
Тој истакна дека актуелната администрација на САД врши притисок врз членките на ОН да усвојат нацерт-резолуција за Венецуела, во која се повикува на распишување нови претседателски избори во таа земја.
Претседателот на Националното собрание и лидер на опозицијата Хуан Гваидо се прогласи за претседател на земјата на 23 јануари, за што ја доби поддршката од САД и речиси сите држави од Групата Лима, додека поддршка за актуелниот претседател Николас Мадуро изразија Русија, Боливија, Иран, Куба, Никарагва, Ел Салвадор и Турција.
Групата Лима е формирана во 2017 година со цел да помогне во изнаоѓање на мирољубиво решение за кризата во Венецуела. Групата ја сочинуваат Аргентина, Бразил, Канада, Чиле, Колумбија, Костарика, Гватемала, Хондурас, Мексико, Панама, Парагвај, Перу, Гвајана и Света Луција.