Една точка за услуги од десет институции во Скопје

Од:

Услуги од 10 институции на едно место од денеска им се на располагање на скопјани. Во поранешната зграда на Комерцијална банка е отворена сала за јавни услуги со што Министерството за информатичко општество и администрација го почна проектот „Една точка за услуги“ преку кој во иднина ќе отвори канцеларии со таква намена и во останатите градови.

На едно место ќе може да се добијат услуги од министерствата за внатрешни работи, за труд и социјална политика, за транспорт и врски, управите за јавни прходи и за водење на матичните книги, агенциите за катастар на недвижности и за вработување, фондовите за пензиско и инвалидско осигурување, за здравствено осигурување и од Централниот регистар.

Принципот на двосменско работење воведен од пред неполни две години, е воспоставен и тука и ќе се работи до 19:30 часот. Има и точка за информации, каде граѓаните ќе можат да се консултираат за сите прашања.

Ресорниот министер Дамјан Манчевски на отворањето на салата истакна дека таа е дел од активностите за реформа на јавната администрација со цел на граѓаните да им се испорачаат поефикасни и поквалитетни услуги.

-Нашата цел е да го смениме лицето и имиџот на јавната администрација преку менување на начинот на кој граѓаните и фирмите ги добиваат услугите. Шалтерот е првиот и најдиректниот контакт меѓу граѓанинот и администрацијата. Затоа, инсистираме на неопосреден контакт, без добро познатите шалтерски бариери, што постоеја меѓу граѓаните и вработените во администрацијата. За таа цел ги отстранивме и стаклата на шалтерите. Сите се исти и сите се еднакви. Администрацијата е сервис за граѓаните и, а и вработените на шалтерите се дел од граѓаните, рече Манчевски.

Во новата сала, како што дополни, ќе важи правилото дека граѓанинот кој ја бара услугата е секогаш во право.

– Вработените се тука позитивно да одговорат на нивните барања. Доколку не се во можност, културно да ги упатат каде може да ја добијат соодветната информација или услуга, посочи Манчевски.

Во останатите градови се оди чекор понапред и целосно ќе се укинат шалтерите. Граѓаните, ветува, ќе седат на иста маса со вработените во институциите и ќе разговараат. Без бариери и рамноправно, непосредно, со основна човечка комуникација. Дел од овие канцеларии ќе се отворат со редефинирање на Интернет клубовите низ градовите, а таму каде што овие простории не ги исполнуваат потребните предуслови ќе биде обезбедено друго место.

Премиерот Зоран Заев, пак, истакна дека отворањето на салата е во период кога нашата земја во наредните неколку месеци треба да испорача видливи резултати во реформите меѓу кои се вклучени реформските промени во јавната админситрација.

На едната точка на услуги треба да се гледа како на уште еден чекор повеќе кон трансформација на државниот бирократски систем и апарат во сервис на граѓаните како стратегија на Владата.

Основните јавни услуги, истакна премиерот, треба да бидат само прашање на неколку клика. Оваа една точка на услуги го обезбедува тоа и од денеска станува секојдневние за сите наши граѓани.

– Градењето сервисен систем на услуги на една ефикасна јавна администрација која во центарот на своето внимание секогаш го има граѓанинот е една од најважните мотивации за оваа една точка на услуги. Но нашата работа не смее да запре тука. Ова е само појдовна точка на трансформирање на јавните услуги во услуги кои се брзи во служба на граѓаните, навремени,ефикасни. Целта ќе биде постигната кога низ целата земја секој граѓанин ќе може да има високо квалитетен јавен сервис, рече Заев.

Министерството за информатичко општество и администрација работи и на дигитализација на услугите како следен чекор во процесот на нивно доближување до граѓаните.

– Во следниот период ќе биде пуштен во употреба новиот национален портал за е-услуги. Дел од услугите ќе бидат достапни само со неколку кликови, најави Манчевски.

Модернизацијата и реформата на јавната администрација, како што оцени, е жив процес и никогаш нема да може да се кажеме дека е завршен, кајна цел е администрација во служба на граѓаните, за подобри, поефикасни и поефтини услуги.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Во видео од неколку секунди излезе на виделина целото лицемерие, аздисаноста и лажната грижа за народот на СДС

Митева: Филипче, Заев и Ковачевски свесно ја втурнаа Македонија во црно сценарио, да биде оставена сама на Балканот и неинтегрирана

Политиката на свиткана кичма на Заев донесе штетни договори од кои и денес Македонија едвај глава крева реагира ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев се лицето и опачината на истата паричка – ортаци се во криминалот и корупцијата

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не е нов лидер, туку чувар на фотелјата на Заев

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе 40-тина амандмани за пакетот закони од МИОА, од кои 21 за Законот за административни службеници