Претставникот на Обединетите нации за Јемен, Мартин Грифитс изјави денеска дека почетокот на повлекувањето на припадниците на завојуваните страни од трите клучни пристаништа во Јемен е можност да се премине на главната цел, односно да се стави крај на четиригодишниот конфликт што ја создаде најголемата хуманитарна криза во светот.
Грифитс во Советот за безбедност на ОН изјави дека Владата на Јемен и бунтовниците од редовите на шиитското движење Хути покажале дека се во состојба да ги исполнат обврските што ги презедоа во декември, кога ја договорија првата фаза од прераспоредувањето на трупите.
Предвидено е повлекувањето да почне од утре.
Грифитс нагчаси дека прво ќе се повлечат силите од помалите пристаништа Салиф и Рас Иса, по што ќе следи повлекување и од главното пристаниште Ходеида и критичните делови од градот.