„За ДПА прифатлив кандидат за претседател би бил доколку доаѓа од Владата, со цел да се нормализира состојбата во државата“,рече Мендух Тачи, лидерот на ДПА по средбата со премиерот Зоран Заев.
Тачи вели дека на маса биле неколку предлози,но дека е рано да се зборува за конкретен предлог.
„Сметаме дека е важно таа личност да продолжи по патот кој е започнат – работа на функционални институции,отварање на преговорите со ЕУ, процесот за прием во НАТО“, рече Тачи.
Претходно Заев имаше средба и со Беса Алтернатива.
„Натпартиска личност со интегритет, отколку партиски член е поприфатлив профил на претседателски кандидат за Беса Алтернатива“, изјави Африм Гаши по завршувањето на средбата со премиерот.
Габриела Димковиќ-Мишевска