Поранешен севернокорејски дипломат тврди дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун не се откажал од нуклеарното оружје и дека Пјонгјанг гледа на претстојниот втор самит меѓу Ким и американскиот претседател Доналд Трамп како можност да го зајакне статусот на Северна Кореја како нуклеарна сила.
Тхе Јонг Хо, кој побегна во Јужна Кореја во 2016 година, денеска изјави во Сеул дека состанокот на двајцата лидери во Виетнам следната недела ќе претставува неуспех ако Трамп не го убеди Ким да објави дека се откажува од нуклеарното оружје, а Северна Кореја се враќа на Договорот за нуклеарно неширење.
Тхе работел како дипломатски службеник во амбасадата на Северна Кореја во Лондон, пред да избега во Јужна Кореја. Тој е највисоко рангиран дипломат на Северна Кореја, кој побегнал на југ.