Акција на ЈП „Комунална хигиена“ за чистење на универзитетскиот кампус

Од:

ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје денеска почна акција за чистење на кампусот на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, чиј почеток го означија директорот Абдусамед Шабани, градоначалникот на општината Центар Саша Богдановиќ и директорката на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања професор, Бојана Наумовска.

Директорот Шабани посочи дека одлучиле да спроведат акции за чистење секаде каде што гледаат потреба од нивна интервенција и покрај фактот што чистењето на институциите не е обврска, ниту надлежност на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје.

-Во изминатиот период организиравме акции во повеќе образовни институции, беше исчистен дворот на студентскиот дом „Пелагонија“ и заводот за згрижување „Ранка Милановиќ“, а денеска сме на кампусот на УКИМ. Ќе продолжиме со нашите интервенции секаде каде што ќе наидеме на црни точки каде постојано се создаваат диви депонии, како резултат на неправилното одлагање на отпадот од страна на граѓаните, изјави Шабани.

Професорката Наумовска нагласи дека прашањето за неправилното одлагање на отпадот во Скопје е повеќедецениско и неговото решавање бара комплексен пристап.

-Потребни се научни истражувања за причините на несовесното однесување на граѓаните, но и казнени мерки, посочи Наумовска.

Градоначалникот Богдановиќ ја поздрави акцијата на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје и изрази надеж дека овие активности ќе резултираат со почиста животна околина.

Би можело да ве интересира

Втор уписен рок за прва година на УКИМ, слободни места има на речиси сите факултети

Почнува уписот на УКИМ, слободни над 9900 места за студенти во прва година

Седница на Советот на Град Скопје: Ќе се гласа за вработувања во Комунална хигиена и пренамена на средства за автобуси

Упис на УКИМ на 29 и 30 август, слободни над 9900 места за студенти во прва година

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со македонисти од 57. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ

Предраг Петровиќ

На УКИМ слободни 9.921 места за упис во прва година во 2024/2025

Горан Наумовски