Врховниот командант на индиската армија во спорниот регион Кашмир тврди дека шпионската агенција на Пакистан ИСИ била вмешана во минатонеделниот напад на индискиот полициски конвој, кога загинаа 44 полицајци.
Одговорноста за тој најсмртоносен напад на индиските безбедносни сили официјално ја презеде Исламската организација „Џаиш-е-Мохамад”.
-Ги следевме лидерите кои се кријат зад овој напад, а кој е оркестриран од пакистанска страна. Нападот беше под контрола на ИСИ, Пакистан и командантот на Џаиш-е-Махамада, изјави индискиот генерал-полковник К.Џ.С. Дилон.
Пакистан го осуди нападот и негираше какво било соучесништво.