Враќање на џихадисти: Унгарија бара да остане затворена балканската рута

Од:

Нема договор на европско ниво за враќање на борците кои заминале да војуваат со таканаречената Исламска држава во Сирија, и покрај повиците на американскиот претседател Доналд Трамп, јави дописничката на МИА од Брисел.

Трамп пред два дена ги повика земјите од Европската унија да ги земат назад борците на ИД кои останале во Сирија, но прашањето е исклучително чувствително, и не може да биде решено на ниво на ЕУ. На вчерашниот состанок на министрите за надворешни работи во Брисел не е постигнат заеднички став по ова прашање, потврди шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини.

Додека некои земји се отворени за враќање под одредени услови и процедури, на некои од нивните граѓани кои заминале да се борат во Сирија, други земји остро се спротивставуваат.

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, порача дека не доаѓа предвид никакво враќање на борците во Европа.

-Ова е сигурно најголемиот предизвик за нас во следните месеци, нашиот главен напор сега треба да биде да не им дозволиме да се вратат во Европа и порача дека балканската рута треба да остане затворена.

Словачкиот министер, Мирослав Лајчак, се покажа пофлексибилен и порача дека поддржува враќање на борците.

Белгија, која е меѓу земјите со најголем број борци заминати на воените жаришта на Блискиот Исток во последните години, смета дека треба да бидат примени сите деца на џихадисти до десет години, и дека секој случај ќе биде анализиран повторно. Останува проблемот за тоа дали треба да им биде дозволено враќање и на мајките на овие деца. Граѓанските организации за заштита на правата на децата во Белгија оценуваат дека земјата има обврска да им даде дозвола и на мајките да се вратат, но безбедносните служби не се уверени дека сите тие жени не претставуваат опасност, во секој случај, најверојатно е дека ќе мораат прво да одлежат затворски казни доколку се утврди дека биле дел од терористички активности.

Со слични дилеми се соочува и Франција, но и Германија.

Германскиот министер, Хајко Мас, истакна дека немаат доволно средства да проверат дали нивните државјани се навистина засегнати.

-Властите треба да проверат во која мера тие биле инволвирани во борбите на ИД, што би значело отворање на кривични процедури против нив, тие лица можат да се вратат во Германија само ако можеме да се осигуриме дека веднаш ќе бидат притворени, рече Мас.

ЕУ нема надлежности да го решава овој проблем, но може да помогне со координација меѓу земјите, изјави вчера високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини.

-Ова останува национална надлежност но им понудив на земјите членки пристап до нашите служби за да работат врз идеи за координација на ставовите, да ги истражат разните можности да се справат со прашањето, изјави Могерини, што би можело да значи размена на информации, прецизираат дипломатски извори.

Доналд Трамп побара од европските земји да примат назад 800 џихадисти заробени од страна на САД во Сирија, во контекст на сѐ поизвесен колапс на Исламскиот Калифат во Сирија.

 

Би можело да ве интересира

Обвинителите се откажаа од случајот против Трамп поради напорите за поништување на изборните резултати

Трамп планира да ги исфрли сите трансродови луѓе од војската на првиот ден на функцијата пишува „The times“

Катерина Ѓуровски

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Мет Гаец нема да биде државен обвинител на САД

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира