Завршни зборови на одбраната на „Титаник 2“

Од:

Во Кривичниот суд за денеска е закажано ново рочиште за случајот за изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година „Титаник 2“ на кое завршни зборови треба да дава одбраната.

Во „Титаник 2“ обвинети се лидерот на ДПА Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешните членови на ДИК Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.

На минатото рочиште обвинителката Фатиме Фетаи во завршни зборови, побара осудителни пресуди за сите обвинети во случајот.

Според СЈО, Мијалков како директор на УБК и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го искористил своето реално влијание и моќ и преку Мендух Тачи договорил да се усвојат приговорите за прегласување на три избирачки места во Струмица на локалните избори 2013 година.

Поништувањето на гласањето, според Фетаи, е егзактна пресметка на ВМРО-ДПМНЕ за тоа колку е потребно за нивниот кандидат да може да оди во втор круг, додека Тачи иако немал законско право го убедил Бедретин Ибраими да го промени своето мислење и да гласа за приговорите на ВМРО-ДПМНЕ, а за возврат како што појасни Фетаи членовите на ДИК од ВМРО-ДПМНЕ требало да гласаат за приговори на ДПА за Чаир.

Другите обвинети членови на ДИК, според СЈО, ја злоупотребиле службената положба и не биле во функција на Изборниот законик, туку на партиските интересни.

Би можело да ве интересира

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Тачи го напушти Европски фронт, од ДУИ тврдат ќе делувал опозициски во консултација со Ахмети

Катерина Ѓуровски

Европски фронт не ги коментира информациите за излегувањето на Тачи, од ДПА најавуваат став следните денови

Меџити за излегувањето на Тачи од Европски фронт: Тие не се споија идеолошки, туку за да опстанат на политичката сцена

Мендух Тачи и Аријанит Хоџа се приклучија на Европскиот фронт на Ахмети, се чека крилото на Села

A1on

Со еден од обвинетите била колешка, а со друг се познавала од слави: Судијката Димовска побара да биде изземена од Судечкиот совет во „Титаник“

Катерина Ѓуровски