Ердоган со остри критики за САД поради Сирија

Од:

Вашингтон одбива да и продаде оружје на Анкара, а во исто време бесплатно ги вооружува терористите. Какво е тоа сојузништво и партнерство во рамките на НАТО, изјави претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган на денешниот митинг во провинцијата Бурдур.

Како што јави турската новинска агенција Анадолија, Ердоган наведе дека решавањето на сирискиот конфликт е прашање кое не ја засега само Сирија туку и Турција.

– За прашањата што ги засегаат интересите на нашата земја ние сме подготвени на се што е неопходно, наведе Ердоган.

Тој истакна дека државите кои ќе соработуваат со Турција ќе постигнат успех, а тие противниците на Анкара се осудени на неуспех.

– Земјите кои ги поддржуваат терористите се закана за сопствената безбедност, посочи Ердоган, додавајќи дека САД преку Ирак во Сирија испратиле од 22.000 до 23.000 камиони со оружје и воена опрема за терористите.

Претседателот на Турција посочи и дека Анкара очекува да се исполни договорот за сирискиот реон Манбиџ односно реонот да биде исчистен од терористи, а власта да му биде предадена на локалните жители.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски