ССНМ со осуда за заканите на Бојан Јовановски кон новинарката Мери Јордановска

Од:

Самостојниот синдикат на новинарите и на медиумските работници (ССНМ) најостро го осудува односот на де-факто сопственикот на 1ТВ, Бојан Јовановски, кон новинарката на „Макфакс“, Мери Јордановска.

Бојан Јовановски во својот фејсбук-пост суптилно се обидува да ѝ изврши притисок на новинарката, со тоа што на јавна сцена ѝ открива дека неговиот и медиумот во којшто Јордановска работи преговарале за да соработуваат.

Повод за нападите на Бојан Јовановски се коментарите на Мери Јордановска поврзани со емисијата „Македонски инсајдер“ која на 17 февруари се емитуваше на 1ТВ.

ССНМ ова го сфаќа како опомена за новинарката, да внимава што зборува, зашто би можела да има последици по нејзиното работно место.

Ваквите реакции од сопственици на медиуми придонесуваат да се создаде пракса во која сите новинари би се плашеле да го користат своето право на слободно изразување.

Сметаме дека вакви коментари директно влијаат врз слободата на изразување којашто впрочем е универзално човеково правo и треба да ја ужива секој новинар, за да има минимум услови да работи.

Исто така упатуваме апел до редакцијата на „Макфакс“ да се огради од коментарите на Бојан Јовановски и се надеваме дека споменатата соработка помеѓу 1ТВ и „Макфакс“ нема да има никакви последици по работното место на Мери Јордановска поради практикување на слободата на изразување.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Грубо прекршување на правата на новинарката Мирослава Симоновска: Повик за итна истрага

Боки 13 ги отфрла наводите за пријавата за загрозување на сигурноста, демнење и лажно пријавување

Катерина Ѓуровски

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

Апелација ја укина пресудата за „Меѓународен сојуз“, случајот се враќа на повторно судење

Одбраната на Боки 13 бара укинување на пресудата за „Меѓународен сојуз“

Бојан Јовановски: Со оваа здравствена состојба не можам да бидам во затвор