Обвинителството почна да ги испитува очевидците на автобуската несреќа кај Ласкарци

Од:

Поради координација и поголема динамика во постапувањето на сите надлежни институции при утврдувањето на причините на автобуската несреќа што се случи на автопатот Скопје – Тетово кај селото Ласкарци, во скопското обвинителство се одржал работен состанок на претставници од обвинителството, Министерството за внатрешни работи, Бирото за судски вештачења, Машинскиот факултет во Скопје и на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија.

„Со цел да се обезбеди динамика во утврдувањето на сите релевантни факти и причините кои доведоа до несреќата, Основното јавно обвинителство Скопје во текот на денешниот ден започна со испитување на очевидците на настанот, а во текот на неделата свој исказ пред надлежен јавен обвинител ќе даде и возачот на автобусот“, соопшти Обвинителството.

МВР ги доставило до Обвинителствотоскицата, фотодокументацијата и други писмени прилози за сообраќајната несреќа, а треба да биде доставен и записникот за извршениот увид на местото на настанот.

Обвинителството издало наредби за обезбедување други писмени докази од правното лице „Дурмо турс“ – сопственик на автобусот, како и од ресорните министерства за транспорт и врски и за внатрешни работи.

„До Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија беа доставени наредби за обдукции на сите починати лица, а од здравствените установи беше побарана комплетната медицинска документација за повредените“, се додава во соопштението.

Побарани се и листинзите од мобилниот телефон на возачот, а за самиот телефон изготвена е наредба за вештачење, со цел да се утврди дали ви критичното време возачот активно користел некоја од комуникациските врски на тој телефон. До Машинскиот факултет во Скопје во петокот беше доставена наредба за вештачење на техничката исправност на автобусот во моментот на несреќата.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

27-годишен маж со мотоцикл удрил во возило, па завршил во болница

Возач загина на стариот пат Ѓавато-Тополчани

Учесник во сообраќајка побегна од местото на несреќата, полицијата го приведе

А1он

Тешка сообраќајна несреќа во Струмица, повредени неколку лица

А1он

Тешко повредена малолетна девојка во сообраќајна несреќа меѓу тротинет и автомобил

А1он

Сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип-Радовиш, повредена 21 годишна девојка

Предраг Петровиќ