Рубин: Прашањето за името не е проблем што не може да се реши

Од:

Американскиот заменик помошник државен секретар Ерик Рубин изјави дека тој не гледа наскоро напредок во решавањето на прашањето за името, но сепак додаде дека тоа не е проблем кој не може да се реши.

Рубин вчера во Солун рече дека „прашањето за името мора да се реши и оти тоа е од клучно значење за двете земји“, додавајќи дека тоа е сепак поважно за Македонија, јави грчката државна новинска агенција АНА-МПА.

– Јасно е дека нема знаци за скорешен чекор напред. Тоа е јасно. Дефинитивно нема непосреден договор, но, од друга страна, никој не се откажува. За некои проблеми се вели дека никогаш нема да се решат. Овој проблем не е еден од нив, рече тој, изразувајќи оптимизам дека „тој ден ќе дојде и тоа ќе биде одлично за регионот и за Солун“.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски

За Илија Димовски „Никогаш Северна“ по дома, но секогаш Северна во европските фотелји

Габриела Димковиќ-Мишевска

Габер не очекува застој во работата на македонско-грчкиот експерски комитет поради предврмените избори

Ана Ололовска