Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне изрази задоволство од новиот договор со „јорганџиите“.
Вчера од „Ванда Метрополитано“ официјално го објавија договорот.
– Го продолжив договорот поради играчите. Сакам да им се заблагодарам за нивната напорна работа во текот на годините. Тие ми даваат силе да ги прифатам следните предизвици. Фудбалерите се најважни и благодарение на нив ќе продолжиме напред, бидејќи се млади и талентирани, изјави Чоло на прес-конференција пред саботната средба со Рајо Валекано.
Тој додаде дека денес Диего Кошта и Стефан Савиќ добиле медицинска дозвола да играат. Тој е на мислење и дека Алваро Мората и Бразилецот можат да играат заедно на теренот.
– Мислам дека Мората и Кошта можат да бидат на теренот во исто време, рече уште Симеоне.
Атлетикот гостува на „Ваљекас“ утре од 16:15 часот.