Владина делегација на Минхенската конференција, на Заев и Ципрас ќе им биде врачена награда

Од:

Премиерот, Зоран Заев со владина делегација учествува на годишната Минхенска конференција за безбедност што започнува денеска и ќе трае до недела.

Владината делегација, во чиј состав се вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, министерот за надворешни работи, Никола Димитров и пратеникот, Џевад Адеми, ќе учествува на повеќе настани што ќе се одржат во рамки на конференцијата, а планирано е да реализира и повеќе заеднички и билатерални средби.

Планирано е премиерот Заев да оствари билатерална средба со премиерката на Кралството Норвешка, Ерна Солберг и министерката за надворешни работи, Ине Ериксен Сореиде и да се сретне со црногорскиот претседател, Мило Ѓукановиќ и косовскиот премиер, Рамуш Харадинај.

Премиерот ќе има средба и со сенаторот Џејмс Риш, претседавач на Комитетот за надворешни работи на Сенатот на САД, како и со поранешниот американски потпретседател, Џо Бајден.

На 55-то издание на Минхенската конференција за безбедност, посебно внимание е издвоено за заедничката дискусија за Република Северна Македонија и Република Грција на која како главни панелисти е предвидено да се обратат премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас.

Оваа панел дискусија традиционално им е посветена на добитниците на главната награда „Евалд Фон Клајст“, која годинава свечено ќе им биде врачена на премиерите Заев и Ципрас на посебната церемонијална вечера чиј домаќин ќе биде премиерот на Федералната држава Баварија, Флориан Херман.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот