ОН: Гладот во Јемен се заканува да убие цела генерација

Од:

Војната во Јемен е проследена со хуманитарна катастрофа од огромни размери. Стотици илјади луѓе починаа од глад, милиони луѓе се прегладнети. Најмногу погодени се децата. На секои десет минути умира по едно дете. Гладот може да убие цела генерација, предупреди Организацијата на Обединетите нации.

– Мислам дека многу детски животи ќе бидат изгубени поради неухранетост. Дури и ако преживеат, гладувањето ќе остави последици, ќе им биде тешко да се изборат и со најмали заболувања и зарази. Ова е огромен предизвик, мора да се најде начин да ги заштитиме тие деца, изјави Траст Мламбо од Светската програма за храна при ОН.

Според податоците на ОН, два милиона деца се гладни, многу од нив умираат веднаш по раѓањето – 25.000 годишно. Гладувањето е проследено со болести – милион луѓе се заразени со колера, стотици починаа од дифтерија.

Причина за тоа е војната која трае веќе три години, а мета на борбените авиони често се пазари и училишта.

– Видовме многу гранати, куршуми и борбени авиони. И сега, поради војната, не можеме да учиме. Многу сакам повторно да се вратам во моето училиште, да можам пак да учам, вели ученичката Етар Мохамад.

Како што пренесуваат медиумите, во земјата речиси нема странски набљудувачи. Франција и Велика Британија заработуваат со продажба на оружје за Саудијците. Тие, пак, ја блокираат хуманитарната помош од која зависат животите на 22 милиони луѓе. Огромна количина храна се распаѓа во магацините во воените зони.

Би можело да ве интересира

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен

(ВИДЕО) Израел го нападна Јемен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се огласија сирените во Израел, неколку градови цел на ракети од Јемен и Либан

Горан Наумовски

ВИДЕО: Експлозија на танкер во Црвеното море нападнат од Хутите, следи еколошка катастрофа