ФОТО: По двајца пациенти на кревет, некои на столица

Од:

[staff name=”Мики Трајковски” position=”Автор”][/staff]На Инфективното одделение во охридската општа болница е како во Втората светска војна кога условите за работа биле многу лоши. Условите во кои работи ова одделение и денес се во незавидна сотојба, кревети нема доволно, а пациенти премногу.

Во овој период од годината кога грипот и настинките напаѓаат за кревет се чека и по повеќе од еден час. Еден станува, а друг легнува, а најчесто во одделението кое го нарекуваат „заразно“ лежат по неколкумина на еден кревет.

bolnica

Фотографиите кои ги направивиме, со дозвола на пациентите, доволно зборуваат за ситуацијата во која се наоаѓаат и пациентите па и вработените таму кои најбрзо и најквалитетно што може гледаат да одговорат на потребите и барањата на пациентите. На еден кревет лежат и по двајца пациенти, додека инфузии се примаат и на стол „војнички“.

bolnica-(1)

Во месец јануари според официјалните податоци биле примени околу 860 пациенти, додека само до денес во февруари се примени 500 пациенти, што значи 50 пациенти со различни симптоми на ден. Вработените очекуваат дека бројката на примени пациенти ќе биде поголема од 1000.

bolnica-(4)

Во меѓу време се уште не е завршено новото „историско“ болничко крило каде треба да бидат сместени неколку витални одделенија хирургија, гинекологија, уво , нос и грло.

bolnica-(2)

Министерството за здравство веќе со години ја најавува новата болница во Охрид. Откако го промашија објектот во висина, минатата година ветија дека до декември 2012 болницата ќе биде пуштена во употреба. Потоа рокот кој беше ветен-јануари повторно измина, а сега најавата е дека охриѓани и сите туристи кои ги молиме да дојдат ќе имаат здравствена заштита од март, пред локални избори.

Охриѓани во изминативе години додека се правеше болницата но и сега, се приморани за лекарска помош да патуваат до Струга.

Би можело да ве интересира

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство