Нури Бајрами е избран за заменик претседател на Државната комисија за спречување на корупција, по принцип на лотарија. Сите членови влечеа ливче на кое пишува член, а Бајрами го извлече ливчето каде пишува заменик- претседател.
„Ова беше навистина по случаен избор. Шоуто тука да заврши и да почнеме со работа“, рече Бајрами.
Тој ќе биде на позицијата заменик шест месеци, а потоа по принцип на ротација ќе биде избран друг член.
Комисијата на денешната прва седница на дневен ред стави и точка за изборот на Бајрами за член на ДКСК и дали има судир на интерси во изборот, по информацијата дека тој е баџанак со претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Галена Николовска-Ризвановиќ