Адеми и Шалваринов во официјална посета на Норвешка

Од:

Министерот задолжен за дијаспората Едмонд Адеми и директорот на Агенцијата за иселеништво на Република Северна Македонија, Никола Шалваринов, денеска и утре ќе престојуваат во официјална посета на Кралството Норвешка.

За време на посетата, министерот Адеми ќе оствари средби со претставниците на македонската дијаспора во Норвешка, а ќе се сретне и со градоначалникот на општината Аскер, Лене Конарди.

Покрај средбите со дијаспората, Адеми ќе оствари билатерални средби со државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка, Аудун Халворсен, директорот на Директоратот за Југоисточна Европа во МНР на Кралството Норвешка, амбасадорот Хаакон Бланкенорг и градоначалникот на Осло, Мариане Борген.

Фокусот на средбите, како што соопшти кабинетот на Адеми, ќе биде ставен на можностите за соработка во разни обласи во интерес на унапредувањето на положбата на нашата дијаспора и нивна инклузивност во економскиот, политичкиот, социјалниот и културниот живот во Норвешка.

Дополнително, на средбите со своите соговорници, министерот Адеми ќе разговара и за билатералната соработка и натамошното унапредување на односите во сите области од заемен интерес.

Би можело да ве интересира

Норвешка ги заостри ограничувањата за влез на руските граѓани

Норвешка ја призна палестинската држава

Катерина Ѓуровски

Норвешка и Ирска ќе ја признаат Палестина

Насилник со нож нападнал неколку лица: Полицијата го совладала напаѓачот

Норвешка го зголеми бројот на регрути: Мора да имаме доволно луѓе, ќе ни требаат се повеќе и повеќе

Спасени се сите патници од хеликоптерот кој падна во океанот во близина на Норвешка

Горан Наумовски