САД испратија остро писмо до високите косовски функционери во кое бараат укинување на таксите за српските производи, пренесуваат косовските медиуми.
Писмото пристигнало на адреса на Хашим Тачи, Рамуш Харадинај и Кадри Веселија, а според тамошните медиуми, на писмото стоел потпис на тројца високи претставници, од Белата куќа, Стејт департментот и Министерството за одбрана, објави РТС.
Во писмото се повикува на почитување на жртвата на американската држава и американските трупи за Косово.
Лидерите во Приштина се предупредени дека ако не го укинат данокот, ќе следат пошироки „санкции”.
Медиумите велат дека имаат потврда од американската амбасада во Приштина дека писмото било испратено. Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска повтори дека нема да ја повлече одлуката за данок на српските производи, се додека не се регулираат односите Белград-Приштина, без оглед на меѓународниот притисок.