Грипот се шири низ Албанија, неделно по 20.000 заболени лица

Од:

Со голем интензитет се шири грипот во Албанија, која според надлежните се наоѓа на деветтото место во Европа според бројот на заболени од грип.

„По над 20.000 случаи неделно се пријавени дека се погодени од респираторни инфекции и вируси на грип. Но, овој број е поголем, бидејќи некои од заболените не посетуваат лекар, туку се лекуваат со веќе препишаните лекарства на некој член од семејството“, наведува тиранската телевизија „Топ-чанел“.

Осврнувајќи се на овие бројки, од Институтот за јавно здравје се уште не зборуваат за епидемија на грип, но велат дека се блиску до епидемискиот праг. Во споредба со истиот период од претходната година, според нив, бројот на случаи оваа година е помал за 10 отсто.

„Но, сепак, бројот на болни брзо се зголемува. Во одделот за реанимација во Инфективната клиника, има неколку сериозни случаи на интензивна терапија, додека четири лица починаа оваа година од вирусот на грип, тројца од свински грип“, наведува телевизијата.

Во Албанија се регистрирани два вируса на грип,тип A, со поттип АХ1Н1 и АХ3Н2 и вирусот тип Б. Затоа, лекарите продолжуваат да апелираат до граѓаните да не ја занемаруваат вакцината против грип, што може да ја примат во секој период. Потсетуваат дека вакцината против грип помага во случаи кога лицето е засегнато од вирусот за полесно да го помине, а не со тешки компликации како што е акутна пневмонија.

Би можело да ве интересира

Рама: На 11 мај минува историскиот воз за приклучување на Албанија во ЕУ во оваа деценија

А1он

Грипот зема уште еден живот – почина пензионер од Штип

ИЈЗ: Се зголемува бројот на заболени од грип

Две лица од Скопје и Штип починаа од грип, се зголемува бројот на заразените

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија