Луан Рама обвинува за скандал со албанските државни симболи

Од:

Потпретседателот на опозициското Социјалистичко движење за интеграција (ЛСИ), Луан Рама обвини, како што изјави, за скандал со државнте симболи.

Откако тоа јавно го направил во Собранието, тој на Фејсбук напиша за употребата на бел орел на националното знаме од страна на Министерство за надворешни работи.

– Скандал. Министерството за Европа и надворешни работи користи бел орел на национално знаме! Го осудив овој чин и претходно во Собранието на Албанија, пред пратениците и владините министри, но никој не реагираше! Министерството за Европа и надворешни работи на Република Албанија користи бел орел на национално знаме! Скандалозен чин, срамно дело и тешка навреда на националните симболи, флагрантно кршење на Уставот и законот!, напиша потпретседателот на третата на големина политичка партија во земјата.

Засега нема реакција од Министертвото за обвинувањата на Социјалистчкото движење за интеграција.

На албанското национално знаме на црвена основа има двоглав орел во црна боја.

Би можело да ве интересира

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски