Европските либерал-демократи со поддршка за Македонија

Од:

Делегација на Либерално-демократската партија, составена од Претседателот на ЛДП, Горан Милевски и Зоран Шапуриќ, министер во владата на РМ од редовите на ЛДП, учествуваше на состанокот на Советот на АЛДЕ (Алијанса на либерали и демократи за Европа) кој се одржа на 9 и 10 февруари 2019 година во Берлин, Германија.

На состанокот на Советот, помеѓу другото беше усвоена и Резолуција со која Европските либерал-демократи ја подржуваат Македонија во напорите за полноправно членство во НАТО и отпочнување на преговорите со Европската Унија, оваа година.

Со Резолуцијата се поздравува Преспанската спогодба и решавањето на долгогодишниот спор помеѓу Македонија и Грција, како позитивен пример за градење на доброседедски односи во Регионот на Југоисточна Европа и во Европа, воопшто.

АЛДЕ, исто така, го поздравува потпишување на Протоколот за приемот на Македонија во НАТО и ги повикува сите земји членки на НАТО да го ратифицираат протоклот во што е можно покус рок, притоа потенцирајќи ја својата долгогодишна поддршка на Македонија и на Либерално демократската партија.

Истовремено со усвоената Резолуција се осудува давањето на азил на поранешниот премиер Никола Груевски од страна на Унгарија.

За време на настанот, делегацијата на ЛДП оствари бројни средби со Претседатели на сестринските партии од Европа како и со Пратеници во европскиот Парламент од редовите на АЛДЕ.

Би можело да ве интересира

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Објавено видео од полицијата како пука во напаѓачот во Германија

Ученик од Косово со нож избоде наставничка во Германија, полицијата го застрела напаѓачот

Горан Наумовски

Четвртина од вработените во Германија сè уште работат од дома

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Бројер: Заканата од Русија не се променила, Путин нè гледа нас

ВИДЕО: Полицаец во Берлин тепаше демонстрантка од Ирска, реагираше ирскиот премиер