ВМРО-ДПМНЕ: Предвремени избори и техничката влада ќе го спречат и изборниот фалсификат

Од:

Зоран Заев знае дека ја нема поддршката од граѓаните, знае дека во фер и демократски изборен натпревар ќе биде поразен и ќе мора да си замине, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во нивното соопштение.

„Заев е исплашен бидејќи со заминувањето од власт институциите ќе бидат ослободени и ќе ги истражуваат криминалите на власта. Затоа Заев и СДСМ бегаат од предвремени парламентарни избори заедно со претседателските. Доколку истовремено се одржат и парламентарни и претседателси избори за нивната регуларност ќе гарантира техничка влада и нема да може некзнето да се крадат стотици илјади гласови како на референдумот.

Клучно оправдување на власта е дека предвремените парламентарни избори оваа пролет би ги закочиле реформските процеси кои ја придвижуваат државата на патот кон Европската Унија.

Не е реформски процес политиката „едно евро за Заев, едно евро за Вицето“. Не е реформа општиот грабеж на парите на граѓаните, преку криминални грантови, тендери и субценции. Не е реформа руинираното здравство како резултат на неспособноста на СДСМ, неспособност на власта која граѓаните неретко ја плаќаат со своите животи.

Можеби кога говори за реформи СДСМ мисли на 400-те илјади граѓани кои секојдневно се борат со сиромаштијата и живеат со еден оброк дневно или можеби 80-те проценти на млади луѓе кои од најмали нозе прават планови како да ја напуштат државата?

Дали можеби клучна реформа и мега проект е отстранувањето на оградата од пред влада? Време е да се стави крај на црнилата, време е да се стави крај на погубните политики на власта, а за сите оние реформи кои се од суштинско значење за македонското членство во Европската Унија, власта во периодот на техничката влада ќе добие целосна поддршка од техничките министри на ВМРО-ДПМНЕ“, се наведува во соопштението на опозицијата.

Предвремените парламентарни избори и техничката влада, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ ќе го спречат и изборниот фалсификат за кој, како што велат тие се сигурни дека СДСМ го припрема со оглед на начинот на кој што беше спроведен референдумот за промена на името и локалните избори 2017-та година. „Техничката влада ќе ги спречи „брзите“ гласачи кои „гласаат“ на секои 2,4 секунди, полнењето на кутии и поткупот на гласачи и секаков вид на изборни нерегуларности во очи на претседателските избори и на денот на изборите“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски да им се извини на уметниците и културните работници за навредите

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Чекаме Филипче и СДС да расчистат со политичките случувања во другите држави, за да се вратат во реалноста и да почнат да бидат опозиција во Македонија

(ВИДЕО) Филипче: Проширувањето на ЕУ мора да продолжи, билатерални прашања не смеат да бидат изговор

ВИДЕО: СДСМ поднесе кривична пријава против Мицкоски за рушење на Уставот и кршење на законите

Катерина Ѓуровски

Филипче испратил писма до ЕУ, вели Мицкоски најавил политички прогон: Премиерот му одговори дека чувствата му се се посилни

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски како некој уличар, ја злоупотребува функцијата претседател на Владата за однапред да и се заканува на опозицијата