Голманот на Црвена ѕвезда, Александро Краљ за да се спаси од нападот на хулиганите во Сплит морал да скокне во морето.
„Да не скокнев во морето ќе ме убиеја“, рекол ватерполистот за српските медиуми.
Полицијата трага по напаѓачите, а покрај Краљ нападнати биле уште Душан Васиќ и Милош Милутиновиќ.
Ватерполистите на Црвена ѕвезда нема да го одиграат натпреварот против Морнар, бидејќи веднаш го напуштиле Сплит.