СДСМ продолжува со системско уништување на културата во Република Македонија, реагираа денеска од ВМРО-ДПМНЕ.
Ако мината година Годишната програма на Министерството за култура беше скандалозна, тогаш овогодинашната програма е трагична, изјави Роберт Вељановски, од ВМРО-ДПМНЕ.
„Станува збор за општ грабеж на народните пари. Криминалната и одродена власт, предводена од аболицираниот Заев, уште еднаш покажа дека не бира ниту метод, ниту начин како да стигне до буџетските средства, до парите на македонските граѓани.
СДСМ континуирано, две и пол години уништува реномирани установи, институции и уметници во културата, а притоа финансира анинимуси на културната сцена. Оваа година средства во програмата за култура нема за „Скопскиот џез фестивал“, и за „Оффест“, а значително помали суми од оние кои ги побараа и се потребни за реализирање на програмата добија „Фолк фест Валандово“ и фестивалот „Таксират“.
Кратењето на средствата за голем дел од реномираните музички фестивали може да значи и нивно замирање на македонската културна сцена“, вели Вељановски.