(ВИДЕО) СДСМ: Со мерката „зелена нафта” 200 милиони денари ќе завршат кај околу 55.000 земјоделци

Од:

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, преку Владата и парламентарното мнозинство, покажува што значи вистинска грижа кон земјоделците, изјави денеска Татјана Прентовиќ, пратеничка на СДСМ и коалицијата.

„Новите развојни мерки и програми обезбедуваат целосна и навремена поддршка, намалени трошоци, а со тоа и повеќе пари кај земјоделците.

Годинава, за првпат се воведува субвенцијата за набавка на гориво за земјоделска механизација, популарно наречена „зелена нафта“. Со што се реализира уште една мерка од Програмата на Владата во интерес на земјоделците.

Со мерката „зелена нафта“ земјоделците што имаат поледелски, градинарски, овошни култури и лозови насади добиваат поддршка од 30 отсто од трошоците за набавка на нафта за земјоделската механизација.

Со ова финаниско олеснување на земјоделците, им се намалуваат трошоците за производство, со што остануваат дополнителни пари во нивниот домашен буџет.

Вкупната државна поддршка за мерката изнесува 200 милиони денари или околу 2 милиони евра, а со неа ќе бидат опфатени 55.000 земјоделци“, вели Прентовиќ.

Покрај оваа мерка, додава таа, усвоени се нови програми што обезбедуваат зголемена помош, повеќе пари и за овоштарите, поледелците, сточарите, производителите на ориз, млеко и сончоглед.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Загрижен сум за здравствената состојба на поединци во актуелното раководство на СДСМ

Ивица Коневски и инвеститор и адвокат на Општина Кисела Вода, обвинува СДСМ

Мицкоски: СДСМ води ПР-стратегија со која истура лаги и не се бори за граѓаните

Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство

(ВИДЕО) Тренчевска: Мицкоски бараше техничката влада да остане до влегувањето на Македонија во ЕУ

Горан Наумовски

Мемов: Конфузија и раскол во СДСМ околу Законот за Влада

Катерина Ѓуровски