Судијата на Врховниот суд на Венецуела, Хуан Мендоза изјави дека одлуката на претседателот на Националното собрание, Хуан Гуаидо да се прогласи за привремен претседател е „ништовна и неважечка“, пренесува агенцијата Анадолија.
Судијата Мендоза рече дека привремената влада на Гуаидо е во судир со Уставот на Венецуела и дека ги узурпира претседателските овластувања.