СДСМ: „Зелена нафта“ и повеќе пари за малите земјоделски стопанства

Од:

„Зелена нафта“ и повеќе пари за малите земјоделски стопанства – нови развојни мерки обезбедуваат зголемено производство и повеќе пари кај земјоделците, велат од СДСМ преку соопштение.

„Грижата на Владата предводена од СДСМ кон вистинските земјоделци продолжува, се воведувааат нови програми што овозможуваат поголема финансиска поддршка на земјоделците, подобар пласман, развој и унапредување на земјоделството и повеќе пари кај земјоделците.

За првпат се воведува субвенцијата за набавка на гориво за земјоделска механизација односно „зелена нафта“. Вкупната поддршка изнесува 200 милиони денари, а со неа ќе бидат опфатени 55.000 земјоделци. Со оваа мерка се намалуваат трошоците за производство на земјоделците, што значи поекономично производство и поголеми приходи.

Се зголемува и поддршката за мерката наменета за малите земјоделски стопанства под 1 хектар.

Субвенциите за земјоделците кои имаат до 0,5 хектари земја изнесуваат 6.000 денари по хектар, односно 12.000 денари за оние што имаат од 0,5 до 1 хектар земја. Мерката опфаќа 13.000 земјоделци, а преку неа се враќаат 130 милиони денари кај земјоделците што е значително зголемување во однос на претходните години кога за оваа поддршка биле издвојувани околу 49 милиони денари“, стои во партиското соопштение.

Ова, како што посочија од партијата во соопштението, се само дел од новите развојни мерки што обезбедуваат зголемена поддршка и повеќе пари кај земјоделците и мерки, што го унапредуваат и развиваат земјоделството како една од клучните стопански гранки.

Би можело да ве интересира

Мицкоски „не е импресиониран“ од новото раководство на СДСМ

Каранфилова-Пановска: Убедена сум дека ќе го вратиме угледот, поддршката и победите на СДСМ

Конгресот го избра новиот состав на Централниот одбор на СДСМ

А1он

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ

А1он

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ секогаш биле и ќе останат политички „кукавици“

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Денешниот конгрес е нов почеток, нова борба, нова надеж дека можеме да ја вратиме партијата на победнички патеки

А1он