[staff name=”Јасна Атанасова” position=”Автор”][/staff]
Албанската национална Црвено-црна алијанса синоќа поднесе до Централната изборна комисија барање за референдум за обединување на Косово и Албанија, пишува „Анадолија“.
„Косово и Албанија треба да станат една федерација“, изјави лидерот на Алијансата, Кресник Спахиу.
Тој појасни дека двете албански држави треба да се присоединат кон Европската Унија како една федерација, потсетувајќи дека неговата партија ја почнала кампањата на 100-годишнината од албанската независност, која е и годишнина на поделбата на албанската територија во етничка смисла.
Спахиу истакна дека Централната изборна комисија треба колку што е можно поскоро да ги почне неопходните процедури за организирање референдум, бидејќи спојувањето на Албанија и на Косово е последниот чекор кон остварување на идејата двете албански држави сами да ја одредат својата иднина.
Црвено-црната алијанса првпат го покрена прашањето за референдум за обединување на Албанија и Косово на 28 ноември минатата година.