Предлог-листата за нови антикорупционери пред Комисијата за избори и именувања

Од:

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска на седница треба да расправа за утврдување на Предлог – листата за именување на претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Предлог-листата е со имињата и бодовите за 56 кандидати кои беа интервјуирани во изминатите денови од Комисијата за селекција, од вкупно пријавените 57 на огласот. Секој кандидат можеше да добие максимум 100 поени. Искуството и достигнувањата во борбата против корупцијата носеа максимум 40 бодови, а 60 бодови кандидатите можеа да добијат врз основа на тоа како се покажале на интервјуата.

Прворангиран со 100 бодови е кандидатот Владимир Георгиев, второрангирана со 98,17 поени е Софка Пејовска Дојчиновска, трета на листата е Катица Николовска со 94.67 бодови, по неа е Нурио Бајрами со 93,57 бодови. Петто рангирана е Билјана Ивановска со 92,14 бодови, по што следат Горан Трпеновски со 89, 29 бодови, Шемши Салаи со 89,17, Владимир Клековски и Рахамин Мизрахи со 77,86, Ељуард Муртезани со 73,57…

По гласањето во Комисијата за прашања на изборите и именувањата, новиот состав на Антикорупциската комсија треба да биде усвоен и на пленарна седница.

При изборот, што се врши според новиот Закон за спречување на корупцијата и судир на интересите, важи принципот на соодветна и правична застапеност и принципот на еднаква родова застапеност.

Роковите за избор, според новиот закон, се скратени со цел новата комисија да се формира пред да почне кампањата за претседателските избори, што треба да бидат распишани денеска.

Новиот Закон за спречување на корупцијата предвидува за претседател и членови на ДКСК да не може да биде избрано лице кое во последните 10 години било донатор на политичка партија, пратеник или член на Влада. Воедно новите членови мораат да имаат шестгодишно работно искуство во областите на откривање или спречување на корупцијата, владеење на правото и да имаат завршено правни, економски, политиколошки или комуникациски студии.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година

Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Собранието го одобри Предлог на законот за дополнување на Законот за градежно земјиште